„Супер Скопје“ на Боемска улица со Синтезис, Фолтин, Љубојна…

By

Вечерва (8 септември) и утревечер продолжува големата летна забава „Супер Скопје“, овојпат на Боемска улица. Забавата вечерва ќе почне  во 21 часот со настапот на Влатко Илиевски,  а ќе продолжи со настапите на  групите Синтезис и Фолтин. Бината ќе биде поствена на улицата „Боемска 1“ пред гостилницата Канцеларија.

Во сабота, од 21 часот, присутните ќе ги забавуваат  Нино Величковски и Тамбурашите, а ќе продолжат Љубојна и Оркестарот на Џамбо Агушев на бината којашто ќе биде поставена на улицата „Боемска 2“ на просторот помеѓу гостилниците „ Кај Перо“ и „Идадија“.

Проектот „Супер Скопје“ доаѓа на предлог и иницијатива на сопственици и менаџерите на угостителски објекти од повеќе локации од Скопје. За потсетување, согласно со одлука на Советот на Град Скопје, вечерите кога се одржува „Супер Скопје“ работното време на угостителските локали е продолжено за еден час .

Ќе ви се допадне