Фејсбук неодамна соопшти дека ги открил изворите поврзани со Русија кои платија 83.560 евра (100.000 долари) за илјадници политички реклами на таа социјална мрежа во изминатите две години, пренесува Би-би-си.
„Руската измама продолжи. Сега се во прашање рекламите на Фејсбук“, изјави денеска американскиот претседател Доналд Трамп.
Но, Цукенберг има план како да ја сочува демократијата и да го спречи мешањето на странските влади на изборите во другите земји во светот. Неговиот план се состои од девет чекори.
9. Фејсбукот активно соработува со американската влада за да го истражи руското мешање во минатогодишните претседателски избори.
8. Ќе продолжи истрагата за тоа што се случувало во текот на претседателските избори во Америка 2016 година.
7. Политичкото рекламирање ќе го направи транспарентно.
6. Ќе се засили процесот на прегледување на политички реклами.
„Се наоѓаме во еден нов свет. Борбата против нацијата која се обидува да влијае на изборите на други е поставена пред интернет заедницата. Но, тоа е нешто против што треба да се бориме и да го спречиме“, заклучи Цукенберг.