Девет нови промени во Фејсбук кои најавуваат целосен пресврт во светот

By
„Јас многу се грижам за демократските процеси. Мисијата на Фејсбук е на луѓето да им даде глас и да ги приближи еден до друг“, изјави Цукенберг во текот на своето обраќање. Основачот на Фејсбук се обрати на светот и му порача дека ќе направи сè што е во негова моќ за во иднина да го спречи мешањето на странските земји во локалните претседателски и парламентарни избори. Тој во текот на своето обраќање претстави девет нови чекори кои таквото мешање значително го отежнуваат, иако, според неговите зборови, никогаш нема во целост да го спречи.„Јас многу се грижам за демократските процеси. Мисијата на Фејсбук е  на луѓето да им даде глас и да ги приближи еден до друг. Тоа се демократски вредности за кои се бориме и сме горди на нив. Не сакам оние кои го користат она што ние го создадовме да ја закопаат демократијата со истото средство. Интегритетот на избор е фундаментална работа за демократијата ширум светот“, изјави Цукенберг во текот на своето обраќање.Целата приказна за мешањето на странските влади почна во 2016 година, на претседателските избори во Америка, кога Русија наводно преку Фејсбук пласирала лажни вести во врска со изборите. Потоа следеше мешање во француските претседателски избори во мај 2017 годинна, а сега се стравува дека истата приказна може да се повтори на парламентарните избори во Германија, кои ќе се одржат на 24 септември.

Фејсбук неодамна соопшти дека ги открил изворите поврзани со Русија кои платија 83.560 евра (100.000 долари) за илјадници политички реклами на таа социјална мрежа во изминатите две години, пренесува Би-би-си.

„Руската измама продолжи. Сега се во прашање рекламите на Фејсбук“, изјави денеска американскиот претседател Доналд Трамп.

Но, Цукенберг има план како да ја сочува демократијата и да го спречи мешањето на странските влади на изборите во другите земји во светот. Неговиот план се состои од девет чекори.

9. Фејсбукот активно соработува со американската влада за да го истражи руското мешање во минатогодишните претседателски избори.

8. Ќе продолжи истрагата за тоа што се случувало во текот на претседателските избори во Америка 2016 година.

7. Политичкото рекламирање ќе го направи транспарентно.

6. Ќе се засили процесот на прегледување на политички реклами.

5. Ќе се зголеми инвестирањето во безбедноста и интегритетот во изборите.
4. Ќе се прошири соработката со изборните соседи во земјите ширум планетата.
3. Ќе се зголеми соработката и дејствувањето во протокот на информации со другите технолошки и безбедносни компании.
2. Проактивно работи на засилување на демократскиот процес.
1. Борбата веќе почна, па така пред парламентарните избори во Германија се угасија над илјадници лажни налози, но се поврзаа и со јавните служби за  на кандидатите да им предочат безбедносни мерки кои мораат да бидат преземени од страна на Фејсбук.

Иако напорот кој Фејсбук го вложува во сето ова можеби изгледа како непотребен, но оваа социјална мрежа е толку масовно и голема што всушност ја има една од клучните улоги во текот на  кои било избори. Така само во 2016 година разменил над милијарда дискусии и пораки поврзани со изборите на Фејсбук. Така, кандидатите имале директни канали за комуникација со милиони гласачи.

„Се наоѓаме во еден нов свет. Борбата против нацијата која се обидува да влијае на изборите на други е поставена пред интернет заедницата. Но, тоа е нешто против што треба да се бориме и да го спречиме“, заклучи Цукенберг.

 

 

Ќе ви се допадне