Некои суперхерои не носат маски. Момчето сликано на една од најдраматичните фотографии вечерта на масакрот во Лас Вегас, за многу кратко време успеа да стане херој на нацијата.
Додека куршумите летаа на сите страни, херојот од нашата приказна, легнал врз девојката за да ја заштити со своето тело. Неговиот некогашен колега го препознал на фотографијата и на Фејсбук го исфрлил името на овој човек со воодушевувачки зборови. Фотката брзо стана вирална.
#LasVegas shooting #hero has been identified as #USArmy Soldier, Matthew Cobos. He is the epitome of the American Soldier pic.twitter.com/hYc2ZCROkE
— U.S. Army (@USArmy) 5 October 2017
Се испостави дека овој неименуван јунак всушност бил американски војник, Метју Кобс.
„Луѓето бегале на сите страни, уплашени за сопствениот живот. Кога ја видов сцената дека жената лежи на земја, облиена во крв, ја сватив сериозноста на ситуацијата. Сватив дека луѓето почнуваат да умираат“, изјави Метју Кобс.
Hey “tough guy” Dan Bilzerian this is what a REAL hero, US Army soldier Matthew Cobos, did when bullets flew in #Vegas @DanBilzerian pic.twitter.com/zPmkc97X78
— Scott Gumbleton (@scottgumbleton) 5 October 2017
Повеќе за ова прочитајте на следните линккови:
Пет очигледни недоследности за масакрот во Лас Вегас што треба да бидат разрешени
Сметката откри дека убиецот од Лас Вегас вечерал со уште една личност во собата пред пукањето
Жена предупредила 45 минути пред да се случи масакрот во Лас Вегас: „Сите ќе умрете“
Гостин од хотелот во Лас Вегас од соседната соба на убиецот – „Видов повеќе вооружени луѓе“