Еден египетски новинар ги предупреди навивачите на сите фудбалски репрезентации што планираат да патуваат во Русија за Светското првенство во фудбал в година да се чуваат од руските жени поради тоа што тие бараат мажи со пари.
Youm7, весникот од Каиро, објави дека навивачите треба да се чуваат од убавите Русинки и дека за тоа треба да размислуваат уште додека се пакуваат.
Новинарот ги советуваше Египќаните да спакуваат повеќе пари затоа што Русинките ги сакаат парите и секогаш ги бараат.
Тој исто така ги советуваше навивачите да не помислуваат да ги менуваат своите дебели жени со нивните слаби девојки од сништата поради тоа што Русинките или се многу слаби или исклучително дебели.
„Тешко е да пронајдете Русинка со просечна тежина“, напиша новинарот.
Египет беше популарна туристичка дестинација за Русите сѐ додека исламските милитанти не го кренаа авионот во воздух во октомври 2015 година кога загинаа 224 лица.
Москва поради тоа го суспендира авиосообраќајот кон Египет.
Фудбалските навивачи од Египет ќе мора до Русија сега да патуваат по подолгиот пат, што ќе ги чини поскапо.