Иранката Сара Табар (29) имала неверојатни 50 пластични операции за да личи на славната актерка Анџелина Џоли, пишува германски „Билд“.
Освен операцијата, Сара се изгладнувала и стигнала до тежина од само 40 килограми, за лицето да ѝ се вклопи со конструкцијата на телото, како на Анџелина.
Поради ова, таа привлекла големо внимание на социјалните мрежи, па со само 28 објави на инстаграм-профилот привлекла повеќе од 250.000 обожаватели.
Добар дел од нив не ја одобруваат нејзината трансформација, па многумина сметаат дека не личи на човечко суштество и ја споредуваат со ликот од цртаниот филм „Мртва невеста“.
Колку точно пари потрошила на операции, не е познато.