Малата Русинка Анастасија Књазева е прогласена за најубаво девојче на светот, и со шест години стана вистинска ѕвезда. Се занимава со моделство, рекламира познати руски брендови, а на Инстаграм има 500.000 обожаватели. И додека сите зборуваат за неа, малку кој обрнал внимание на нејзината прекрасна мајка Ана, која ги води нејзините налози на социјалните мрежи.
Таа редовно ја фотографира својата ќерка, и постира нејзини фотографии на Инстаграм.
Покрај фотографиите, тука се и бројни снимки од малата Анастасија како пее, се вози во автомобил или јава коњи.
Фотографиите од мајка и тешко можат да се пронајдат на интернет, а често можеме да го слушнеме нејзиниот глас во позадинна на видеото, додека ја снимка ќеркичката.
Исто како и секоја мајка со дете модел и Анастасија се соочува со остри критики во јавноста.
И замеруваат тоа што постојано постира нови фотографии, тоа што ќерка и носи шминка и што речиси никогаш не се смее на фотографиите.
„Би сакала да знам колку родители се шминкаат пред секое фотографирање“, стои напишано на Инстаграм.
Некој друг напишал: „Зошто тогаш никогаш не се смее? Таа е дете“.
Мајка и на Анастасија не се огласила по прашањата на овие критики. Наместо тоа, таа се фокусирала на нејзината ќерка и нејзините прекрасни фотографии.
Нејзината мајка имаме можност да ја видиме само на една фотографија и тоа на онаа која се наоѓа како профифлна на нејзиниот Инстаграм.
Тука можеме да ја видиме малата Анастасија како позира со својата мајка, за која луѓето исто така коментирале дека е многу убава и дека очигледно е од кого Анастасија ги наследила убавите црти на лицето.
Од приложеното можеме да приметиме дека Ана е убава и млада русокоса на која позирањето пред камерите очигледно не и е страно.
Исто така сосема е очигледно дека е многу горда на својата ќерка.