Жените од хуманитарната организација „Лајонс Тиквеш Кавадарци“ донираа повеќе предмети од домаќинството во Домот на децата без родители во Кавадарци.
Тие на децата им однесоа сѐ што им е потребно за во Домот, од пералница, телевизор, две панел-грејни тела, миксер, пегла, фен, чајник и други предмети од домаќинството. Исто така, на децата им беа поделени и новогодишни пакетчиња.
Во 2018 година од Општина Кавадарци најавија дека децата ќе бидат испратени на екскурзија.