Жените од Кавадарци им донесоа подароци на децата без родители

Жените од хуманитарната организација „Лајонс Тиквеш Кавадарци“ донираа повеќе предмети од домаќинството во Домот на децата без родители во Кавадарци.

Тие на децата им однесоа сѐ што им е потребно за во Домот, од пералница, телевизор, две панел-грејни тела, миксер, пегла, фен, чајник и други предмети од домаќинството. Исто така, на децата им беа поделени и новогодишни пакетчиња.

Во 2018 година од Општина Кавадарци најавија дека децата ќе бидат испратени на екскурзија.

Scroll to Top