Кинез ја фрлил својата новоредена ќерка во контејнер само два часа откако неговата девојка се породила. Настанот каде е снимено видеото се случил на 15 јануари во југозападна Кина, а на истото може да се забележи како Кинезот го ставил бебето во хартиена кеса и го фрлил на местото наменето за ѓубре.
За среќа бебето било најдено и спасено од постара жена која веднаш го однела во болница. Таа го пронашла со папочната врвца која сеуште била прикачена на него, а нејзиното лице и усни станале пурпуни поради студеното време. На видеото може да се забележи како жената се обидува да го стопли бебето.
Со помош на безбедностните снимки, полицијата веднаш открила кој е идентитетот на нејзиниот татко и мајка. Полицијата ги пронашла во нивниот стан и ги уапсиле. Ли е задржан во притвор до судењето, а неговата девојка била пуштена со кауција.
Од болницата потврдиле дека бебето било во добра здравствена состојба, иако мајката за време на бременоста не била на соодветните гинеколошки прегледи.