Забелешката на еден инженер за време на работната посета на Владимир Путин во фабриката UMPO во Уфи, главниот град на Република Башкирија, да се врати наградувањето на највредниот работник со медал толку го воодушеви претседателот на Русија што ги изненади сите со својот гест.
Visit to Ufa Engine Industrial Associationhttps://t.co/Fnb5yKQtDE pic.twitter.com/S83ac44EO3
— Vladimir Putin (@PutinRF_Eng) 24 January 2018
Путин ја посети фабриката UMPO на 24 јануари, а инженерот Виктор Богмолов сугерира да се врати праксата на наградување на колективот за работен успех.
Путин обещал расцеловать работника уфимского завода Виктора Богомолова, но ограничился объятиями. Всё равно это победа, Виктор! pic.twitter.com/uHWJlYkRRw
— Кремлевский пул РИА (@Kremlinpool_RIA) 24 January 2018
„Претходно, постоела традиција исклучителното залагање да се наградува со медал. Нашите претприемачи нè одликуваа со два ордена – „Ленин“ и Орден на работно црвено знаме. И денеска сме меѓу лидерите. Зарем не би било добро да ја вратиме таа традиција?“, праша инженерот.
„Дајте просто да ве бакнам“, возврати Путин и го прегрна. Претседателот на Русија додаде дека во советското време била раширена таква пракса, но дека таа не можела да влијае на продуктивноста на работата. Сепак, ветил дека ќе размисли за враќање на овој обичај.