Инженер го воодушеви Путин – реакцијата: „Дојди да те бакнам“

Забелешката на еден инженер за време на работната посета на Владимир Путин во фабриката UMPO во Уфи, главниот град на Република Башкирија, да се врати наградувањето на највредниот работник со медал толку го воодушеви претседателот на Русија што ги изненади сите со својот гест.

dobivaj vesti na viber

Путин ја посети фабриката UMPO на 24 јануари, а инженерот Виктор Богмолов сугерира да се врати праксата на наградување на колективот за работен успех.

„Претходно, постоела традиција исклучителното залагање да се наградува со медал. Нашите претприемачи нè одликуваа со два ордена – „Ленин“ и Орден на работно црвено знаме. И денеска сме меѓу лидерите. Зарем не би било добро да ја вратиме таа традиција?“, праша инженерот.

„Дајте просто да ве бакнам“, возврати Путин и го прегрна. Претседателот на Русија додаде дека во советското време била раширена таква пракса, но дека таа не можела да влијае на продуктивноста на работата. Сепак, ветил дека ќе размисли за враќање на овој обичај.

Scroll to Top