Десира Гибон (26), модел од Њујорк, пред два месеца е пронајдена мртва покрај патот за Јамајка.
Нејзината тетка Пеги Бурнер тврди дека примила два телефонски повика од бројот на својата внука овој викенд.
Таа раскажала дека додека подготвувала вечера, телефонот ѝ заѕвонил, а на екранот се појавило името Деси, како што ја нарекувала внука ѝ.
Murder investigation after body of 26-year-old American student Desiree Gibbon found in Jamaica https://t.co/gQ3BNl7zPp pic.twitter.com/RhRsdyKkNz
— Jade (@xJadex85) 3 December 2017
Се јавила, а од другата страна не се слушало ништо.
Шест часа подоцна телефонот повторно заѕвонел, но не стигнала да се јави. Заѕвонила повратно, но добила само гласовна порака дека телефонот е исклучен.
Манекенката немала телефон со себе кога е пронајдена. И понатаму не е познато што се случило таа ноќ, иако се укажува на убиство.
Dead NY woman Desiree Gibbon’s cell phone used to make chilling call to mother https://t.co/wjflWFbm7t
— AOL News (@AOLNews) 2 February 2018
„Се наежив од глава до петици“, изјавила тетка ѝ, на која ѝ стигнале мистериозни повици.
Гибон последен пат е видена три ноќи пред да биде пронајдено нејзиното тело на камерите од хотелот. Забележано било како се враќа во хотелот, каде што во својата соба се задржала пет минути, а потоа повторно излегла.
🗣P.S.A * This world we live in is not safe* but this story Here….⤵ RIP Desiree Gibbon pic.twitter.com/TFso9R2jw3
— 🗽2/23🗽 (@XMelDNY) 28 December 2017