Роберт Лигтвоет (28), професор по математика од Холандија, освен што добро предава, многу е привлечен и харизматичен.
Станал популарен на интернет откако неодамна една од неговите ученички го пофали на сајтот boredpanda.com.
Откако завршил факултет за финансии, Роберт одлучил прво да патува.
„Отидов на патување во Австралија, Нов Зеланд и јужноазиските држави, кое траеше 17 месеци. За време на патувањето научив многу за себеси, па одлучив да се посветам на професорската работа кога се вратив во Холандија. Сакам да предавам и ја сакам математиката, па одлучив дека ќе бидам посреќен како професор отколку како работник во финансискиот сектор“, вели Роберт.
Покрај математиката, патувањата и авантурата, Роберт се занимава и со моделство и е вљубеник во костуми, пренесува avaz.ba.
„Откако ја изгледав серијата ‘Како ја запознав мајка ти’, станав вљубеник во костумите, па добив идеја да ги носам на необични места“, вели тој.
Тој е заштитно лице на еден бренд и одговорно лице за нивен маркетин, а освен неговите ученици, го обожаваат и многу девојки ширум светот.