Исланд воведува забрана за обрежување деца

Пратениците на Исланд предложија измени и дополнувања во законот со кој се забранува обрежување бебиња, пракса вообичаена кај еврејските и муслиманските заедници.

Ако законот се изгласа, секој кој ќе ја спроведе оваа постапка ќе може да биде осуден на шест години затвор.

Членовите на најмалку пет политички партии, вклучувајќи ја и напредната партија во земјата, Пиратската партија и левичарските партии на „зелените“, бараат измени и дополнувања на постоечкиот казнен закон.

Нивниот предлог-закон вели дека секој  кој ќе го загрози или наруши здравјето на детето или жената со отстранување полови органи, во целост или делумно, ќе биде казнет со шест години затвор.

Нацрт-предлогот јасно ја отфрла идејата дека законот треба да го почитува обрежувањето на верска основа.

„Иако родителот има секакво право своето дете да го насочи кога станува збор за религијата, правото на обрежување никогаш не може да биде поголемо од правото на детето“, се наведува во законот.

„Обрежувањето вклучува интервенција на телото на детето што може да предизвика силни болки и таквата операција вклучува ризик од инфекции и дополнителни проблеми“, се наведува во законската мерка.

Децата можат самите да одлучуваат за постапката, откако ќе станат доволно возрасни за да одлучат и сфатат зошто се вклучени во таквата постапка, пишува во законот. Староста на согласност во Исланд е 15 години.

Обрежувањето на жените било незаконска постапка во Исланд до 2005 година, но немало закони кои се однесувале на обрежувањето.

Според медиумите во Исланд, стапката на обрежување во земјата е ниска. Тоа е веројатно поради малкуте муслимански еврејски заедници во земјата.

Согласноста на обрежување поттикна бурна расправа во нордиските земји во последните неколку години. Во 2016 година Данската лекарска асоцијација издала повици за забрана на детското обрежување, говорејќи дека со таа мерка морал да биде земен предвид личниот избор и затоа треба да се одложи сè додека личноста не биде на возраст кога самата ќе може да одлучува за тоа.

Во мај 2017 година партијата Норвешки напредок (FRP), третата најголема партија во земјата, позната по својата анти-имиграциска политика, го поддржа законот со кој се забранува ритуално обрежување на децата на возраст под 16 години.

 

 

 

 

 

Scroll to Top