Вештачката интелегенција станува ново оружје во борбата против џихадистите

Борбата за идентификација и отстранување на екстремистичките видео материја од интернетот доби ново оружје, вештачката интелегенција за скенирање на илјадници снимки.

Милиони снимки се закачуваат на интернет секој ден, така што компанијата „ASI Data Science“, од Лондон развила алгоритам за вештачка интелегенција, направен да препознае видео-материјали направени од некои екстремистички групи.

„Моделот кој го имаме развиено е тестиран да пребарува низа на суптилни сигнали кои се наоѓаат на снимките, а кој овозможува да се направи разлика меѓу пропагандата на Исламската држава и сите други видео снимки на интернет“, вели директорот на консултантската компанија „ASI Data Science“, Џон Гибсон.

„Моделот е направен така што платформата може да се користи како филтер додека снимките се аплаудираат, и да го отстрани пропагандниот материјал пред да биде поставен на интернет“, вели Гибсон.

Тоа е важно, затоа што се верува дека пропагандните снимки на терористичките групи на Исламската држава помагаат во радикализација на некои екстремисти.

„Истражувањето на министерстовото за внатрешни работи покажува дека повеќе од илјадници различни екстремистички снимки во моментов се напѓаат на 400 платформи, така што Гугл и Фејсбук тоа можат да го решат преку ноќ, и таа содржина да биде достапна преку интернет пребарувачите на 398 различни платформи“, објаснува генералниот директор на компанијата „ASI Data Science“, Марк Ворнер.

Се очекува британската влада да го подари овој софтвер платформа на кои во моментов се наоѓаат екстремистички снимки.

„ASI Data Science“, истакнува дека нивниот софтвер овозможил една личност да ги контролира сите видео-содржини, кои се аплаудираат на Јутјуб или Фејсбук во еден ден.

 

 

Scroll to Top