Михаил Литвак е доктор, психотерапевт и еден од најпризнатите психолози во светот. Тој, исто така е првиот човек кој развил систем на „Психолошки аикидо“, и е прв кој го употребил.
Според Литвак, важно е да се разбере опкружувањето и себе си.
Со следните 20 совети доктор Литвак ќе ви помогне во решавањето на многу животни ситуации:
- Ако човекот не може ништо добро да ви каже за себе, а сака нешто да каже, тој почнува да говори лошо за другите.
- Гризи ја науката, а не грлото на својот близок ако навистина сакаш нешто да загризеш.
- Депресивната состојба е затоа што човекот размислува за себе.
- Никој никого не отфрлај, само некој иде напред. Тој кој застанал, смета дека е отфрлен.
- Ако добро размислите за себе си, зошто е потребно да уште некој мисли добро за вас.
- Работи што сакаш и прашувај за дозвола. Нема да ја добиеш.
- Способноста да се сака и добро да се подносе самотијата е показател за духовната зрелост. Се најдобро работиме кога сме осамени.
- Незрелата личност често знае, но не умее. Зрелата не само што знае, туку и умее. Незрелата личност критикува, а зрелата делува.
- Јас не го знам патот до успехот, но го знам патот до неуспехот, тоа е момент кога им завидуваме на сите.
- Нема машка или женска логика, постои способност или неспособност мудро да се мисли.
- Сакаш да го дознаеш својот главен непријател? Погледни во огледало. Избори се со него и останатите ќе се разбегаат.
- Постигни успех, ќе минат навредите.
- Со пријателите пријатно разговарај, со непријателите корисно.
- Постои само една причина за прекин на врската и прекин на работниот однос, неможноста на личниот раст во дадени околности.
- Треба да ја делите радоста и со пријателите и со непријателите. Пријателите ќе се израдуваат, а непријателите ќе се вознемират.
- Не треба да трчате по среќата и ќе го најдеш местото каде таа престојува. И среќата самата ќе те најде. Можам да ти кажам место каде престојува твојата среќа – во самиот тебе. А патот до неа е максимален развој на сите твои способности.
- Среќата е нуспроизвод на правилно организирано делување.
- Ако нешто сакаш да докажеш, значи дека живееш за тоа кое сакаш да го докажеш. Ако живееш поради себе, тогаш нема потреба на некого тоа да го докажуваш.
- Фантазијата – тоа е глас на нашата способност. Така јас не фантазирам да пејам во опера. Немам ни глас ни слух. Ако фантазираш, во склоп со тие фантазии би се подгреале моите способности. Поради тоа, би се трудел да успеам да стигнам во операта. Само треба да размислувате како тој сон ќе го остварите. Овде главно да не се брза, тогаш сништата се остваруваат релативно брзо. Добро и кога човек може да го каже за себе си следното: „ Јас ќе се занимавам за обидите да ги остварам своите сништа“.
- Подобро е да се комуницира со добра книга, отколку со празен човек.