Америка и Кина, двете најголеми светски економии, се пред трговска војна.
Лидерите си воведоа тарифи, а инвеститорите, претриемачите и законодавците стравуваат од понатамошни санкции.
Ова би можело да биде само почеток на првата од многуте акции кои ги најави американскиот претседател, Доналд Трамп, во четвртокот. Во четвртокот потпиша документ со кој на Кина ѝ наметна нова тарифа на производите со што неговата администрација сака да ја прекине трговијата со Кина и нејзините инвестиции во САД. Во петокот стапија на сила глобалните тарифи на челик и алуминиум, кои ја вклучуваат и Кина. САД поднеле и тужба против Кина во Светската трговска организација.
Кина одговорила со најава дека ќе наметне тарифи на американскиот извоз вреден три милијарди долари во Кина. Ако не се заврши на тоа, можно е конфликтот да има сериозни глобални импликации. Но, последиците од покачените трошоци ќе ги почувствуваат работниците, потрошувачите, претприемачите и директно и индиректно, пишува Си-ен-ен.
САД ќе воведат тарифа од 25% на челик од Кина и тарифи од 10 проценти на нејзиниот алуминиум. Повеќето други држави ќе бидат подложни на истите мерки што ги наметнуваат САД. Администрацијата на САД ќе воведе тарифа од 25% на низата ненајавени производи од Кина, вклучувајќи, но не и ограничувајќи се на комуникациската технологија, воздухопловството, информациите и машините. Американската истрага заклучила дека Кина систематски ги дискриминирала американските технолошки компании кои дејствуваат во таа земја.
Во 2017 година САД увезле околу 150 милијарди долари производи од Кина во горенаведените категории. Според податоците на американската Влада, увозот бил во голема мера насочен на компјутерска опрема.
Кина во петокот објавила дека тарифите на 128 американски извозни производи ќе одговараат на тарифите на челик и алуминиум, навело кинеското Министерство за трговија. Кинеската тарифа за американската стока главно била насочена на виното, овошјето, свинското meso и рециклираниот алуминиум.
Целосната листа сè уште не е објавена, но тарифите ќе стапат на сила на 31 март. Тарифите ќе се движат од 15% до 25%, во зависност од производите. Сите овие увози вредат вкупно три милијарди долари годишно, што е релативно мал износ. Но, тоа е само почеток.
Кина е главниот купец на соја од околу 300.000 американски фармери и минатата година купила 61% од американскиот извоз на соја. Досега Кина не го споменала воведувањето тарифи на американската соја, но нејзиното Министерство за надворешни работи ги потсети новинарите минатата недела на ваквата бројка.
Кина исто така не мора да удри на тарифите на американските фармери за да ги казни САД. Би можела едноставно повеќе да тргува со Јужна Америка. Бразилскиот извоз на соја во Кина пораснал за речиси 35% минатата година, во однос на претходната година, додека извозот на американската соја пораснал за само 2%, пишува истражувачката агенција „Пањива“. Бразил повеќе ѝ продава соја на Кина, својот најголем трговски партнер, отколку што тоа го прават САД.
Кина поседува 1,17 билиони долари американски државен долг, што ја прави најголем американски заемодавец. Кинеското вложување од јануари било на шестмесечен минимум. Малку е веројатно дека Кина одеднаш ќе ги отфрли големиот број обврзници. Вистинскиот проблем за Америка е што доколку Кина одлучи повеќе да не го купува до толкава мера американскиот долг.
Владата на Соединетите Американски Држави ќе мора да издвои речиси 1 билион долари од оваа фискална година за да го покрие својот дефицит, за кој се очекува дека ќе расте во наредните години поради намалувањето на данокот. За финансирање на дефицитот, САД продаваат сè поголем дел од долгот на другите народи, странските инвеститори, американските граѓани и амерканските банки. Американскиот државен долг се смета за една од најсигурните инвестиции во светот.
Невозможно е да се знае што ќе се случи ако Кина прекине да го купува американскиот долг или значително го забави купувањето. Но, во секој случај, ова не е идеално време за САД да го нервираат својот најголем заемодавец.
Тоа прашање звучи драматично, но глобалните перцепции на Кина и САД за трговијата се менуваат. САД биле идеална земја за слободна трговија уште од Втората светска војна, а Кина била краен протекционист. Сега, САД бараат тарифи, додека Кина, барем реторички, вели дека сака да се бори против протекционизам.
Претседателите на Чиле и Колумбија го опишале ова сценарио како „светот наопаку“.
Економистите велат дека САД се откажуваат од својата водечка улога во глобалната трговија, додека владата на Трамп тврди дека се обидуваат да овозможат што е можно поголем број трговски бенефити за поголем број Американци. Во меѓувреме, Кина го шири своето глобално влијание во настојување да развие амбициозен светски трговски пат, познат под името „Иницијатива еден појас еден пат“.
Геополитичките импликации се бескрајни, вклучувајќи и можни нови тензии меѓу Америка и Северна Кореја, Русија, Иран, Латинска Америка и Блискиот Исток. Експертите за трговија тврдат дека економските врски помагаат во спречување на реалните војни. Тие ги чинат земјите повеќе зависни една од друга, и прават да има помала веројатност за вооружени конфликти меѓу нив.