Купил Хонда наместо билет за воз, оти му било поевтино

Британецот Том Чрч постојано се трудел да мине што поевтино во животот. За патувањето од Лондон до Бристол, тој решил да си купи автомобил наместо билет за воз од Лондон до Бристол, оти тоа го чинело многу помалку.

Возилото е старо 21 година, а првично е наменето за патување до 160 километри. Том подолго време сакал да го посети својот пријател во Бристол, но се премислувал заради цената на билетот. Решил да побара поевтина алтернатива, па си купил „хонда сивик“ од 1997 година. Платил осигурување, гориво и патарина и сето тоа го чинело 238 евра. Половниот автомобил вредел 92 евра, патарината 93,7 евра, еднодневното осигурување 23,5 евра, а горивото 28,8 евра.

Ова е за 13 евра помалку од цената на повратна карта Лондон – Бристол – Лондон, која чини 251 евро.

„И ова е скапо, но идејата ми беше да покажам колку се скапи картите за воз во Велика Британија“, рекол 27-годишниот Чрч за медиумите.

Scroll to Top