Детето кое вчера беше прегазено на улицата „Борис Сарафов“ во Ѓорче Петров е во стабилна состојба, која интензивно се следи од страна на докторите од Клиниката за неврохирургија.
Жителите од овој реон, но и голем број граѓани најавуваат повторно излегување на протести, бидејќи повеќе пати било воочувано дека токму оваа улица е небезбедна за движење на пешаците и нема правилна сигнализација.
– Секој ден тука ни се децата, овде одат на училиште. Зарем треба да ги затвориме дома? – прашуваа вчера револтираните граѓани.
Ѓорчевци најавија протестен собир и за денес, пред училиштето „Мирче Ацев“ од 18 часот.
„Сакаме конечно решение за сите жители на Ѓорче Петров и решение за дивееето во сообраќајот“, се вели во повикот за протестот.