Атрактивната старлета Елизабет Руиз, девојка на славниот американски НФЛ-спортист Вон Милер, прилично му го загорчила животот откако фудбалерот ја оставил, пренесуваат светските медиуми.
Спортската ѕвезда станал цел на уцена на неговата поранешна љубов откако Руиз му се заканила дека ќе ја објави снимката од нивните секс-сцени. Руиз му побарала 2,5 милини долари.
Иако се стравувало дека ќе остане без спонзорски договор, Милер одлучил да не ѝ ја плати уцената, а судот подоцна забранил копирање и јавна дистрибуција на видеото.
Елизабет открила зошто всушност ја сочувала снимката со секс-сцените:
„Не ни помислив да го објавам и не го уценував. Снимката ја чувам за сопствена заштита“, изјавила Руиз.