(Видео) Премиера на македонскиот филм „Година на мајмунот“

Комедијата „Година на мајмунот“ утре (19 април) ќе ја има својата премиера во рамките на 21. издание на Скопскиот филмски фестивал. Режисер е Владимир Блажевски, автор на култниот македонски филм „Панкот не е мртов“. Главната улога ја игра Игор Ангелов. Во екипата се појавуваат актери од Македонија, Србија, Словенија и од Хрватска. Филмот е копродукција на Македонија, Србија, Словенија и Косово, а се снимаше во 2016 година на 80-тина локации во Македонија.

По официјалната премиера, „Година на мајмунот“ ќе продолжи да се прикажува во киносалите на „Синеплекс“ почнувајќи од 20 април. Својата светска премиера ќе ја има на 23 април на еден од најреномираните и најстари светски филмски фестивали – Московскиот меѓународен филмски фестивал.

Филмот раскажува за необичното пријателство меѓу мајмунот Коко и чуварот на зоолошката градина Цобе и нивниот живот во превртениот транзициски свет. Мајмунот од Зоолошката градина завршува на улиците на Скопје и продолжува да патува низ живописните предели на Македонија.

 

Scroll to Top