Вчера околу 18,15 часот во Градски парк Скопје од слобода е лишена М.Р.(30) од Скопје поради основано сомнение за сторено кривично дело по член 215 и член 216 од КЗ на РМ, се вели во соопштението на Министерството за внатрешни работи, без повеќе детали, во врска со приведувањето на скопјанката која завчера објави видео како пуши марихуана на улица во Скопје.
Од МВР наведуваат дека се работи на целосно расчистување на случајот.
Моника вчеравечер беше приведена на фестивалот „Конопфест“. По излегувањето од полициска станица, таа се огласи на Фејсбук, велејќи дека кај неа не била пронајдена дрога и дека по разговор со инспектор во полициска станица била ослободена.
„Ме уапсија без некаква основа. Налогот за претрес го донесоа отпосле“, тврди Моника. Таа вели дека при претресот, кај неа не било пронајдено ништо. Таа вели дека не е дилер, туку активист кој се бори за легализација на марихуаната. Моника вели дека полицајците ја уапсиле затоа што, како што ѝ рекле, била лош пример за младите со тоа што одела против државата и полицијата.
Повеќе на следните линкови: