Еден човек е тешко повреден кога бил нападнат од бик пред почетокот на традиционалната трка во Валенсија, Шпанија. Бикот силно го удрил со роговите, а потоа го нападнал и на земја.
На видеото јасно може да се види како човекот буквално е фрлен во воздух, а потоа и нападнат на земја. За среќа, бикот на роговите имал замотано ткаенина, што претставува пракса на оваа манифестација.
Сепак, човекот веднаш бил хоспитализиран, каде што му биле констатирани тешки повреди.