Состојки:
За тестото:
250 гр брашно
120 гр путер или маргарин
2 јајца
70 гр мелени ореви
кора од1 лимон
За филот:
1 кг кисели јаболка
120 гр шеќер
4 лажици рум
1 ванилин шеќер
125 гр слатка павлака
Подготовка:
– Измијте ги јаболките, излупете ги и исечкајте ги ситно.
– Посипете ги со шеќерот, додајте рум и продинстајте ги додека не омекнат, па оставете ги да се ладат.
– Замесете го тестото и оставете го на ладно место малку да отстои.
– Ставете го потоа тестото во подмачкано тавче и развлечете го до дебелина од два сантиметри.
– Ставете го да се пече во загреана рерна на 200 целзиусови степени околу 30 минути.
– Испеченото тесто премачкајте го со подготвениот фил и вратете го тавчето во рерна да се запече 10-тина минути.
– Изматете слатка павлака и ставете ја врз готовата пита со јаболки.