Данскиот парламент го усвоил денеска законот кој предвидува забрана за носење облека што го покрива лицето, како муслиманските ниџаб и бурка, со што се приклучи на европските земји кои претходно ја воведоа ваквата забрана.
Законот е познат и како „забрана за бурка“, го предложила десничарската коалиција и е усвоен со 75 гласа „за“ и 30 „против“.
Како што соопштила Владата, законот не е насочен против ниту една религија,и не ги брани марамите за глава, турбаните или традиционалните еврејски капи.
Såg att Danmark vill förbjuda burqa. Jävla rasister! pic.twitter.com/ZNgiqemKv0
— Linus Josefsson (@spadde4) 6 February 2018
Во законот, кој ќе стапи на сила на 1 август, се наведува дека неговото кршење ќе биде казниво со 1000 дански круни, односно 156 долари.
Сличен закон веќе усвоиле Австрија, Франција и Белгија.