Данска забранува носење бурки во јавност

Данскиот парламент го усвоил денеска законот кој предвидува забрана за носење облека што го покрива лицето, како муслиманските ниџаб и бурка, со што се приклучи на европските земји кои претходно ја воведоа ваквата забрана.

Законот е познат и како „забрана за бурка“,  го предложила десничарската коалиција и е усвоен со 75 гласа „за“ и 30 „против“.

Како што соопштила Владата, законот не е насочен против ниту една религија,и не ги брани марамите за глава, турбаните или традиционалните еврејски капи.

Во законот, кој ќе стапи на сила на 1 август, се наведува дека неговото кршење ќе биде казниво со 1000 дански круни, односно 156 долари.

Сличен закон веќе усвоиле Австрија, Франција и Белгија.

Scroll to Top