Потребни состојки:
400 гр свежи малини
75 гр шеќер во прав
1 јајце
400 гр полномасен јогурт
Начин на подготовка:
Исчистете ги малините, измијте ги и одвојте од нив 150 грама. Измиксирајте ги со една лажица шеќер во прав. Јајцето изматете го на пареа со останатиот шеќер, па добиената смеса измешајте ја со јогуртот. Одвојте ¼ од јогуртот и измешајте ја со смесата од измиксирани малини. Остатокот од кремот со јогурт измешајте го со целите малини кои ви останаа. Ставете го сладоледот во замрзнувач преку ноќ за убаво да се стегне.