Потребни состојки:
2 главици кромид
4-5 пиперки
7-8 зрели домати
1 луто пиперче
масло
2-3 јајца
сол
бибер
Начин на подготовка:
Кромидот се чисти и се сече на тенки долгнавести резанки. Се динста додека не омекне на загреано масло со повремено додавање вода. За тоа време пиперките се сечкаат на коцки. По десетина минути се додаваат на кромидот и се динстаат додека и тие не омекнат. Додека пиперките се пржат, се сечкаат излупените домати на ситни парчиња и се додаваат во тавата. Се намалува температурата, се додаваат и зачините, сечкана лута пиперка и малку вода. Смесата се динста уште 10 минути или додека водата да испари и смесата да добие густина. Кога зеленчукот ќе биде убаво издинстан и омекнат, одозгора се кршат 2-3 јајца и се пржат на тивко, без мешање. По потреба тавата се протресува. Потоа се посипува со сечкан магдонос и се служи во тавата во која се пржел зеленчукот со јајцата.