1 кг свинска удина
250 мл пиво
500 гр свежи печурки
3 поголеми главици кромид
2-3 чешниња лук
масло сув зачин, бибер, чадена црвена пипер
Исечете го на парчиња, посолете го по вкус, прелијте го со пивото и малку масло, затворете го со фолија и ставете го да се пече на 180 степени. Во текот на печењето, превртувајте го, убаво да се испече од сите страни.
За тоа време, кромидот исечете го на ленти и ставете го малку да се потпржи. Потоа ставете ги и исечените печурки (не ги сечете ситно, ако се помали може и цели да ги оставите.)
Нека се запржат и тие и зачинете ги.
Кога е месото скоро готово, извадете го од рерната, најдолу во тавата ставете ја смесата од кромид и печурки, ставете малку пипер и наредете го месото. Вратете го во рерната уште петнаесетина минути.