Состојки:
500 гр лубеница
1 голем портокал
4-5 ливчиња свежо нане
неколку коцки мраз
Подготовка:
– Лубеницата исечете ја на парчиња и внимателно извадете ги семките.
– Портокалот излупете го и исцедете го, а може и да го ставите цел во блендер.
– Сите состојки за овој сок ставете ги во блендер. Миксајте додека да се соединат сите состојки и да добиете течност. Ако сакате, сокот може да го прецедите.
– Сервирајте со ливчиња свежо нане и коцки мраз.