Полета вселенското летало за туристи на милијардерот Ричард Брансон

Компанијата „Вирџин галактик“ успешно го изврши третото тестирање на својот вселенски брод за туристичко патување VSS Unity, кое полета во воздухот над пустината Мохава во Северна Америка.

Компанијата соопшти дека леталото достигнало двојно поголема брзина од таа на звукот, на надморска висина од 52 километра.

Вселенскиот брод полетал со носачи на вселенски авиони на надморска височина од14 километри.

Компанијата на милијардерот Ричард Брансон со секој следен тест е сѐ поблиску да ги прими првите патници.

По претходната проба, Брансон за Си-ен-би-си изјави дека „Вирџин галактик“ го дели само два или три лета од вселената.

 

 

Scroll to Top