Се гради највисоката висококатница во Европа

Највисоката висококатница во Европа, „Лахта центар“, кој се наоѓа недалеку од рускиот град Санкт Петербург, наскоро ќе биде завршена.

Оваа зграда не е подигната во самиот центар затоа што граѓаните се грижеле дека ќе го расипе изгледот на градот, кој се наоѓа како светска градина на списокот на Унеско.

Висококатницата има неверојатен поглед на Финскиот залив. Висока е 462 метри.

Кулата ќе се наоѓа на најсеверниот дел на планетата во однос на сите вакви кули, велат од градежната компанија што ја гради, пишува Си-ен-ен.

Кулата од 87 ката ќе се врти околу својата оска и ќе биде единствената кула од ваков тип во светот. Што се однесува до нејзиниот облик и дизајн, тоа ќе биде вистински подвиг.

Ќе се состои од резиденцијален и комерцијален дел, со висина од 360 метри, а над тоа ќе се наоѓа панорамско тркало и ресторан.

Зградата ќе се вика „Пре Лахта центар“. Името го доби по местото каде што се наоѓа. Титулата за најголема зграда пред неа ја имала вискокатницата во Москва, која беше завршена во 2017 година. Таа беше висока 374 метри. Москва ги има петте највисоки згради во Европа, а исклучок е висококатницата Шард во Лондон, која има 310 метри и во 2012 година за краток период ја имаше титулата за највисока зграда во Европа.

„Лахта центарот“ почна да се гради во 2012 година, а во него ќе биде сместена управата на рускиот енергетски центар „Гаспром“. Шефот на проектот, Филип Никандров, главниот архитект на компанијата што го води целиот проект, вели дека екстериерот на зградата ќе биде готов до крајот на летото, а на ентериерот ќе се работи во текот на 2019 година.

„Канцелариите ќе заземат третина од зградата, а другата третина ќе бидат дворови, трговски центри, болница, вежбалница и музеј на наука со планетариум. Ќе има и станови“, вели Никандров и додава дека зградата ќе заштеди енергија, и дека се вклопува во еколошките стандарди за градба.

Темелите се длабоки 82 метри, и на тој начин висококатницата влезе во Гинисовата книга на рекорди. Врвот на конструкцијата може да издржи ветер со брзина од 130 километри на час. Конструкцијата е стабилизирана со 15 столбови кои служат да се намали оптоварувањето во центарот на градбата.

Фасадата е направена од 16 500 индивидуални стаклени плочи кои се осмислени да не се губи од топлината. Зградата ќе има и систем за прочистување на отпадните води. Ќе има три пазари, амфитеатар за различни настани, фонтани и шеталишта, а ќе биде 13. по ред највисока зграда на светот, пишува Си-ен-ен.

Зградата намерно личи на пламен, што е видливо по снимките направени со дрон.

 

 

 

Scroll to Top