Полнети тиквици  

Потребни состојки:

4 тиквици

100 грама мортадела

200 грама кашкавал

30 грама брашно

250 милилитри млеко

30 грама путер

мускатно оревче

масло

сол

црн бибер

Начин на подготовка:

Исечете ги претходно измиените и исчистени тиквици на половина во должина и наредете ги во тепсија премачкана со масло. Ставете бибер и печете ги 20 минути на 200 степени.

Во меѓувреме, подгответе го филот. Исечете ја мортаделата на коцки, а кашкавалот крупно изрендајте го. Во загреано масло, пржете брашно и со непрекинато мешање додавајте млеко. Кога сосот бешамел ќе ја добие потребната густина, тргнете го од шпорет.

Посолете, додајте бибер, рендано мускатно оревче, исечкана мортадела, изрендан кашкавал и мешајте.

Извадете ги тиквиците од рерна и издлабете ги. Земете кујнски шприц, наполнете го со филот и почнете да ги полните тиквиците. Вратете ги во рерна и печете 20 минути на 200 степени.

Послужете ги со свежа салата.

Scroll to Top