Потребни состојки:
500 грама кори
200 грама шеќер
600 грама исчистени вишни
2 лажици гриз
70 грама мак
масло
Начин на подготовка:
Сомелете го макот, па измешајте го со исчистените вишни. Додајте гриз и шеќер и добро измешајте. Раширете ја кората на маса, премачкајте ја со масло, па озгора ставете уште една кора и неа премачкајте ја со масло.
На дното ставете малку вишни, свиткајте ги краевите во ширина и направете ролна. Премачкајте ја со масло, па печете ја на 200 степени околу 30 минути за да зарумени добро.
Послужете ја кога ќе се излади. По желба, можете да ја наросите со шеќер во прав. Питата е вкусна, крцкава и сочна.