Индонезискиот тинејџер Алди Новел Адиланг (18) преживеал 49 дена пловејќи сам низ Пацифичкиот Океан. Откако заминал да лови риба со мал дрвен чамец, бил немоќен да ѝ се спротивстави на струјата, која го однела во морските длабочини.
#Indonesia teen rescued after 49 days adrift at sea#AldiNovelAdilang https://t.co/59QWjPty6i pic.twitter.com/7qouOTcsEo
— Gulf-Times (@GulfTimes_QATAR) September 24, 2018
Адиланг пловел повеќе од 2500 километри, а на крајот бил спасен во близина на островот Гуам, на американската територија во Пацификот. По недела дена останал без храна и преживеал благодарение на тоа што бил добар риболовец. Морал да ја цеди облеката за да се снабди со вода за пиење.
Indonesia teen rescued after 49 days adrift at sea – https://t.co/sY7aCS3rvc pic.twitter.com/yClm7EsQJh
— Aaj News Urdu (@aaj_urdu) September 24, 2018
Адиланг раскажал дека постојано ја вклучувал ламбата кога ќе забележал некој брод да минува во близина. Од индонезискиот конзулат во јапонскиот град Осаки соопштиле дека тинејџерот бил спасен од брод што пловел покрај крајбрежјето Гуама под панамско знаме. Адиланг на почетокот на овој месец, благодарение на индонезиските официјални лица, се вратил во родната земја.
A teenager survived 49 days at sea after a storm ripped his tiny vessel from its moorings and set him adrift into the Pacific Ocean.
Aldi Novel Adilang was rescued earlier this month near the U.S. island territory of Guam.
Read more: https://t.co/a53J5zKMMU pic.twitter.com/ksZzOeAWfj
— euronews (@euronews) September 24, 2018
„Мислев дека никогаш нема да си ги видам родителите, па се молев секој ден. Додека ајкулите кружеа околу мене, ја читав Библијата“, изјавил Адиланг, кој на почетокот на овој месец се вратил во своето село во Индонезија.