Денес Трамп ќе испрати порака до секој Американец со мобилен телефон

Американската сојузна агенција за управување со вонредни ситуации (FEMA) денеска го тестира својот национален систем за известување во итни случаи. Денеска се очекува американскиот претседател, Доналд Трамп, да испрати предупредување и вибрирачки тонови до секој бежичен телефон во земјата со зборовите „Претседателско предупредување“.

Речиси сите корисниси на мобилни телефони во САД денеска ќе добијат СМС-порака во исто време.

FEMA во координација со Федералната комисија за комуникации (FCC) денеска ќе спроведе тест ширум земјата за да го провери системот за „итни предупредувања“ EAS и „бежичните итни предупредувања“ WEA.

Пораката од системот на WEA ќе почне да се испраќа во 14:18 часот, по источна временска зона, додека пораката од EAS ќе биде испратена во 14:20 часот.

„ЕAS е национален систем за јавно предупредување што  на претседателот му дава можност за комуникација со нацијата за време на вонредна состојба“, се наведува во соопштението испратено до јавноста.

Тестот првично бил планиран за в четврток, 20 септември, но бил одложен поради ураганот Флоренс.

Ова ќе биде прв WEA-тест на ниво на државата на ниво на претседател. Пораката ќе го тестира системот што ќе му овозможи на Трамп, како и на идните претседатели да испратат вонредни пораки ширум земјата.

 

 

Scroll to Top