Крцкаво печен сочен компир со павлака и кашкавал

Потребни состојки:

  • компири
  • 1 мала главица кромид, ситно исечкан
  • 2 чешниња лук
  • 4 гранчиња мајчина душица
  • 80 g рендан кашкавал
  • 60 g пармезан
  • 220 ml павлака (во зависност од големината на калапот, можеби ќе треба малку повеќе)

Подготовка:

Загрејте ја рерната на  200ºC.

Исечете ги компирите на тенки кругови. Во подмачакан калап за печење, почнете да ги редите состојките по следниот редослед: компир, кромид, кашкавал и мајчина душица.

Повторете ја постапката толку пати колку што е потребно за да го наполните калапот и на крај додадете ја павлаката.

Печете 18-22 минути или додека компирите не добијат златно кафеава боја.

М. 

Scroll to Top