Потребно:
½ чаша зелен грашок, сварен
½ чаша свеж магдонос
¼ чаша свеж босилек
¼ чаша свежо нане
1 кромид, исечкан
2 лажици пармезан, рендан
1-2 лажици свеж сок од лимон
¼ лажичка сол
¼ лажичка црн пипер
Подготовка:
Измешајте ги сите состојки во кујнски блендер или со миксер. Ако е потребно додадете неколку лажици вода, за да не се добие премногу густа паста. Покријте со фолија и ладете една ноќ.