Потребни состојки:
неколку парчиња леб
2 јајца
100 мл. кисела вода
3 лажици брашно
сол и масло
Начин на подготовка:
Исечете го лебот на кришки, па одвојте ги белките од жолчките. Белките изматете ги во снег, а жолчките изматете ги со кисела вода, сол и брашно. Во смесата додајте ги и белките. Кришките потопете ги во смесата и пржете ги на загреано масло.