Ријана го тужи Трамп

Ријана му се закани на амариканскиот претседател Доналд Трамп дека ќе го тужи ако повторно пушта нејзина музика на неговите митинзи без дозвола. Со тужба се закани и издавачката куќа на Ријана, „Бродкаст мјузик инк“, која испрати писмо до Белата куќа.

„Не дозволуваме да ја користите музиката на г-ца Фенти, таа не му дала согласност на г-дин Трамп. Оваа употреба на нејзините песни е нелегална,“ стои во писмото.

Пред неколку дена Ријана преку „Твитер“ откри дека Трамп самоволно ја користел нејзината музика на јавен собир, а сега почнува и правна постапка.

Scroll to Top