Потребни состојки:
1 пакување тестенини по избор
3 јајца
3 чаши полномасна павлака
300 гр сувомеснато по вкус (шунка, сланина, печеница, чајна)
оригано
маслиново масло
сол
пармезан
прстофат магоднос
Начин на подготовка:
Во солена вода згответе ги тестенините и додајте малку маслиново масло, потоа добро исцедете ги. Пропржете го сувомеснатото во тава, а во посебен сад измешајте ги павлаката и јајцата. Додајте го прженото месо и посипете го со оригано. Соединете ги тестенините со сосот. Украсете ги со пармезан и исечкан магдонос и послужете ги топли.