Потребни состојки:
За тестото:
4 јајца
120гр црно чоколадо
50гр путер
4 лажици шеќер
2 лажици брашно
За филот:
400гр маскарпоне
50гр шеќер во прав
500мл слатка павлака
100гр црно чоколадо
100гр бело чоколадо
100гр млечно чоколадо
Начин на подготовка:
На тивок оган стопете го чоколадото со путерот. Одделете ги белките од жолчките и матете ги посебно. Во изматените жолчки додадете ги цврсто изматените белки, потоа додадете ги стопеното чоколадо и путер, и на крај додадете го брашното. Измешајте со лажица и смесата ставете ја да се пече 15 минути на 180 степени.
Маскарпоне сирењето изматете го убаво со шеќерот во прав. Посебно изматете ја слатката крем павлака. Спојте ги двете смеси и заедно убаво изматете ги да се соединат. Добиениот крем поделете го на 3 еднакви делови. Растопете ги чоколадите. Во едниот дел ставете го белото чоколадо, во вториот дел млечното чоколадо, а во третиот дел ставете го црното чоколадо.
Оладеното тесто филувајте го почнувајќи со најтемниот фил, па светлиот дел и на крај ставете го белиот фил. Оставете ја тортата да отстои во фрижидер два часа, а потоа сервирајте.