Потребни состојки:
2 пилешки копани без кожа,
половина шолја брашно,
1 јајце,
1 белка,
1 лажица масло,
1 чешне лук, ситно сечкано,
1 лажица сенф,
1 и пол шолја презла, домашно направена од средината на лебот,
половина лажичка оригано
Начин на подготовка:
Копаните исушете ги со хартиена крпа. Маслото загрејте го на средна температура. Јајцето, белката лукот и сенфот измешајте ги убаво. Потоа копаните извалкјате ги во брашно, па потоа во смесата со јајце, а на крај во презлата во која сте додале оригано. Пржете додека не станат крцкави.