Состојки:
450 гр филети лосос
50 мл јаворов сируп
60 гр сенф
2 лажички маслиново масло
2 чешниња лук
сол
бибер
Подготовка:
Загрејте ја рерната на 200 степени Целзиусови.
Во сад измешајте го јаворовиот сируп, сенфот, исечканиот лук, малку масло, сол и бибер.
Ставете го лососот во мешавината и оставете го во фрижидер половина час.
Ставете ги филетите во плех за печење обложен со хартија за печење и печете 10-12 минути.