Потребни состојки:
2 главици ситно сечкан кромид
3-4 исечкани моркови
450 гр грав
200 гр чадени колбаси исечкани на тркалца
1 домат на парчиња
3-4 чешниња лук
1 лажица ситно исечкан целер
1 лажица исечкан свеж магдонос
сол и бибер
1/2 лажичка оригано
2 лажици масло
Начин на подготовка:
Во тенџере на средна температура во загреано масло пржете го кромидот додека да омекне. Додајте ги морковите и колбасите, измешајте и пржете околу пет минути. Додајте вода, во неа ставете го гравот и варете го на средна температура. Кога гравот ќе биде половина сварен, додајте ги исечканите домати, лукот и целерот. При крајот на варењето ставете сол, бибер, зачини по вкус, оригано и магдонос. Јадењето сервирајте го топло, декорирано со свеж магдонос или изрендан пармезан.