Потребни состојки:
1 смрзнато лиснато тесто
600 г шампињони
150 г сланина
250 г кашкавал
250 мл слатка павлака
1 лажиче мелен сув зачин
сол, црн пипер
Начин на подготовка:
На малку масло испржете ја сланината која претходно сте ја исечкале на коцки. Додадете ги сечканите шампињони, зачините и динстајте околу 15 минути. Во меѓувреме готовото лиснато тесто ставете го во намастена тава, избоцкајте го со вилушка на повеќе места и ставете го да се пече во загреана рерна на 200 степени околу 10 минути. Извадете ја тавата од рерна и на полупеченото тесто распоредете го филот од печурки, посипете со изрендан кашкавал и полејте со слатка павлака. Вратете ја тавата во рерна и оставете ја питата да се допече уште околу 20 минути, додека не порумени.