Куглоф со јаболка и мед

Потребни состојки:

3 јajца
150 гр шеќер
200 мл јогурт
150 мл масло
150 гр остро брашно
150 гр меко брашно
ванилин шеќер
прашок за пециво
1 лимон сок и рендана кора
2 јаболка

Начин на подготовка:

Јаболките измијте ги и исчистете од семки, но не ги лупете. Исечете ги на коцки и кратко варете ги. Исцадете ги, испрскајте со лимонов сок, да не потемнуваат. Исушете ги на кујнска крпа и оставете да се оладат. Во сад измешајте две лажици брашно, додадете ги јаболките и измешајте. Јајцата, шеќерот и ванилиниот шеќер изматете ги со миксер. Додадете го јогуртот, маслото и кората од лимон. Брашното измешајте го со прашокот за пециво, а потоа расејте го во смесата со јајца. Додадете ги коцките јаболко и лесно промешајте. Садот за куглоф премачкајте го со масло, набрашнете го. Па истурете ја смесата во него и измазнете ја. Печете во загреана рерна на 180 степени околу 45 минути. Готовиот колач свртете го на чинија и оставете го да се излади. Посипете го со шеќер во прав и послужете.

Scroll to Top