500 гр шеќер
200мл вода
250 гр маргарин
250 гр млеко во прав
400 гр ореви
за глазура
200 гр чоколадо
6 супени лажици масло
Водата и шеќерот ставете ги да зовријат. Откога ќе се растопи шеќерот додадете го маргаринот и мешајте и тој да се растопи.
Во садот додадете го млекото во прав и мешајте со маталка или миксер додека се изедначи смесата и добиете мазна смеса без гуртчиња.
Во смесата додаете ги оревите исецкани на покрупни парчиња и промешајте. Цела смеса распоредете ја во делимано силиконското четвртасто тавче претходно премачкано со малку масло и оставете во ладилник една ноќ додека убаво се стегне.
Наредниот ден направете ја глазурата
Чоколадото растопете го со маслото и оставете го врз колачот, вратете во ладилник 1 час, а потоа исечете штангли.