Класика од Турските најубави десерти…
500 г кадаиф
масло за попрскување на кадаифот
300-400 г сецкани ореви
Шербет
1,5 литри вода
1,3 кг шеќер
неколку кругови лимон
1 ванилин шеќер
Подготовка
Кадаифот се дели на два дела. На подмачкано тавче бр.32 се става половина од кадаифот. Се ставаат оревите и става другиот дел.
И првиот и вториот дел се попрскуваат со малку масло и се притиска со рака.
Се пече прво на 200 степени неколку минути, а потоа на 150 степени околу 40 мин или додека убаво не зарумени. Шербетот (шеќер и вода) се вари 10 минути, а потоа се додава лимонот и ванилата.
Кадаифот се попарува додека е топол, а шербетот ладен.
По желба се става и суво грозје со оревите.